Достапни линкови

logo-print

Поради кризата помалку доселувања во богатите земји


Организацијата за економска соработка и развој денеска соопштува дека доселувањето во развиените земји опаднало во текот на светската економска криза поради помалата побарувачка на работна сила. Во 2008-та во земјите членки на Организацијата која ги опфаќа најразвиените земји се доселиле 4, 4 милиони луѓе, што е помалку за 6 проценти од порано. Претходните 5 години, годишно стапката на доселувања се зголемувала за 11 проценти секоја година . И во 2009-та имало помалку доселувања.
XS
SM
MD
LG