Достапни линкови

Планови за спас на тигрите во светот


Преставници од 13 земји ќе се сретнат денеска на островот Бали за да изработат глобален план за спас на загрозените видови тигри во светот. Планот од Бали ќе биде искористен како основа за дискусија на самиот кој ќе се одржи во Санкт Петерзбург во септември. Организациите кои се занимаваат со заштита на загрозени видови на животни предупредуваат дека за еден век од 100 илјади тигри сега има оклу 3.200. Држави кои се поканети да присуствуваат на самитот во Санкт Петерсбург се Бангладеш, Бутан, Кина, Индија, Индонезија, Камбоџа, Лаос, Малезија, Мјанмар, Непал, Русија, Тајланд и Виетнам. На разговорите во Бали, секоја земја треба да каже за состојбата и плановите како да се спасат тигрите
XS
SM
MD
LG