Достапни линкови

logo-print

Двајца руски уметници прогласени виновни за верска омраза


Судот во Москва денеска ги прогласи за виновни, рускиот уметник и директорот на музеј, обвинети за поттикнување верска омраза со изложбата на провокативна уметност. Андреј Серофедзев и поранешниот директор на музеј Јуриј Самодуров, се соочуваат со три годишна казна затвор затоа што во 2007 година ја поставиле "Забранетата уметност", во московскиот музеј Андреј Сахаров. Тие се обвинети од ултра-националистичка православна група затоа што имало слика на Исус со глава на Мики Маус. Тринаесет познати руски уметници минатата недела упатија отворено писмо до претседателот Дмитриј Медведев, барајќи од него веднаш да му стави крај на судењето.
XS
SM
MD
LG