Достапни линкови

Србија е упорна да има нови преговори за Косово


Србија е насочена кон обезбедување нови преговори за Косово, на што се спротивставуваат неколку исклучително моќни држави, изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.
Тој во изјава за белградски „Блиц“ изјави дека е логично во ОН да се формира мнозинство кое смета дека до компромисно решение за Косово може да се дојде исклучително по пат на нови преговори.
Според Јеремиќ, и на најголемите скептици им станало јасно дека во изминатите неколку години Србија се профилирала како природен центар на Западен Балкан без чије учество не се решавало ниту едно регионално прашање.
XS
SM
MD
LG