Достапни линкови

logo-print

Бугарските цариници запленија 70.000 евра сокриени во чевли


Парите се пронајдени за време на царинската контрола во патните торби на Курд со германски пасош, кој транзитирал со автобус низ Бугарија патувајќи на релација Турција-Германија, соопшти бугарската Царинска управа.
Царинските службеници во чевли пронашле голем износ на пари кои патникот не ги пријавил. Во неколку пара чевли вкупно биле скриени 70.000 евра.
Истрагата за случајот од страна на царинските службеници продолжува, со цел да се открие за што биле наменети парите.
XS
SM
MD
LG