Достапни линкови

Иран се пофали со произведениот збогатен ураниум


Иранските власти соопштија дека до сега произвеле 20 килограми со 20 проценти збогатен ураниум. Шефот на иранската атомска агенција, Али Акбар Салети изјави дека „Иран ќе продолжи да работи на производство на такво гориво.“ Тој додаде дека до септември наредната година Иран ќе има сопствено гориво кое ќе биде наменето за истражувачкиот Центар во Техеран. Збогатениот ураниум може да се користи и како гориво за напојување на нуклеарните реактори и за создавање на нуклеарна бомба.
XS
SM
MD
LG