Достапни линкови

Нетанјаху ќе се сретне со Мубарак


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неделава ќе се сретне со египетскиот претседател Хосни Мубарак. Тој изрази надеж дека по средбата во Каиро ќе се отвори можност да се промовира идеата за дирекни преговори со Палестинците. Нетанјаху минатата недела се сретна со американскиот претседател Барак Обама.По лидерската средба, двајцата претседатели соопштија дека се надеваат оти израелско – палестинските преговори наскоро ќе започнат. Нетанјаху изјави дека оптимистички очекува до крајот на 2012- та да изнајдат мировен договор со Палестинците.
XS
SM
MD
LG