Достапни линкови

Шпанија светски првак


Победничкиот гол на Иниеста
Победничкиот гол на Иниеста

Гол на Иниеста во 116•тата минута за прва титула Светски првак на ,,Црвената фурија”.

Да се биде, или не? Играчите на Холанија и Шпанија буквално така го сфатија финалето на СП во фудбал во Јоханесбург. Судијата Хауард Веб подели дузина жолти картони за двата тима, а Холандија остана и со играч помаку од 109–тата минута откако втор жолт картон ,,заработи" Џон Хеитенга. На крајот, на титулата се радуваа дебитантите во финалето, репрезентацијата на Шпанија. Во 116–тата минута од продолжението, откако по 90 минути игра натпреварот заврши 0:0, Иниеста ја затресе мрежата на Холандија и го донесе првиот шампионски пехар за Шпанија во историјата. Стрелецот на историскиот гол за Шпанија Андрес Иниеста голот го посвети на Дани Хорке, поранешен играч на Еспањол кој почина минатата година во Италија. ,,Дадовме се од себе. Нема зборови со кои може да се опише триумфот на Светското првенство," изјави Иниеста по натпреварот. Инаку, натпреварот помина во знакот на двата голмани, кои со своите интервенции неколку пати успеаја да спречат водство на противникот. Шпанскиот голман Касиљас на два пати успеа да спречи ,,зицер" ситуации од напаѓачот на Холандија Арјен Робен, додека холандскиот голман Мартен Стекенбулг го спаси голот на Холандија од сто процентните шанси на Фабрегас и на Рамос. Шпанија стана трета репрезентација во фудбалската историја што истовремено ги има освоени титулите европски и светски првак.
XS
SM
MD
LG