Достапни линкови

logo-print

ДПА останува надвор од Парламентот


Партијата на Мендух Тачи, ДПА, денеска одлучи и понатаму да го продолжи бојкотот на Собранието што го започна на 18 август минатата година. Одлуката беше донесена на денешната средба на партиското Централно собрание, а Тачи ја образложи со тоа што се донесуваат закони кои потоа не ги почитуваат истите оние кои ги изгласале. Според Тачи, Собранието е претворено во инструмент на владините партии каде се донесуваат закони кои се само од интерес на власта. Тој пред пратениците на ДПА и јавно призна дека меѓународниот фактор веќе неколку месеци од ДПА бара враќање во законодавниот орган.
XS
SM
MD
LG