Достапни линкови

Мандела нема да го врачи пехарот на Мундијалот


Поранешниот претседател на Јужна Африка и легендарниот борец против апархејдот Нелсон Мандела нема да го врачи пехарот на победникот на Мундијалот, изјави неговиот внук Мандла Мандела. Тој ќе присуствува на почетокот на финалниот натпревар меѓу Шпанија и Холандија, но нема да остане до крај. Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација Сеп Блатер сакаше Мандела да го предаде победничкиот пехар, но откако тој откажа се очекува ФИФА дополнително да одреди кој ќе ја има таа чест.
XS
SM
MD
LG