Достапни линкови

Во Авганистан загинале 16 полицајци


Најмалку шеснаесет авганистански полицајци, меѓу кои и еден висок функционер,се убиени денеска во три одделни бунтовнички напади на северот на Авганистан. Деветмина полицајци загинале при напад на конторлен пункт во покраината Кундуз. Во експлозија на бомба убиен е началникот на полицијата на областа Калех Зал, неговиот возач а ранети се уште двајца , соопштува локалната власт. Петмина полиицајци пак загинале кога нивното возило налетало на бомба на патот во близина на Кишим.
XS
SM
MD
LG