Достапни линкови

Прво, па машко за Шпанија или трета среќа за Холандија? Вечерва финале на СП во фудбал

Црвената фурија или лалињата од Холандија? Денеска топ тема во разговорите и обложувањата меѓу сите, во очекување на почетокот на финалето на СП во фудбал. Холандија има поголемо искуство во финалето на светските првенства. Два пати претходно Холанѓаните настапувале во финалето, но ниту еднаш името на нивната земја не е изгравирано на пехарот на ФИФА. За Шпанија пак, ова е прв настап во финалето.

Холанѓаните настапуваа во првото полуфинале против Уругвај, па имаа и 24 часа повеќе за одмор пред вечерашниот дуел, што може да биде пресудно, имајќи го предвид интензитетот на шампионатот.

Верувале или не, Холандија и Шпанија играле против себе само три пати во историјата на официјалните фудбалски натпреварувања. Во 1920 на Олимписките Игри во Антверп славела Шпанија со 3:1. Во рамките на квалификациите за ЕП во 1983 Шпанија и Холандија победиле по еднаш, Шпанија во Севиља со 1:0, а Холандија во Ротердам со 2:1.

На последниот пријателски натпревар меѓу двете земји одигран во Ротердам победи Холандија со 1:0.

Октоподот Пол предвиде – Германија ќе биде трета, Шпанија светски првак. Првото предвидување се оствари синоќа со победата на Германија против Уругвај 3:2. Останува да видиме дали Пол ќе остане безгрешен во предвидувањата и вечерва.
XS
SM
MD
LG