Достапни линкови

ЕУ стратешка цел за Турција


Интеграњето на Турција во Европската унија е најзначајниот стратегиски приоритет за Анкара, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу .Тој ги оквалификувал како „глупости“ гласините дека Турција се насочила кон Истокот и оти му го завртела грбот на Западот. Давутоглу го повторил барањето до Израел да се формира меѓународна комисија која ќе го истражува нападот врз конвојот бродови кои носеја хуманитарна помош за Газа. Во спротивно односите меѓу Турција и Израел нема да се развиваат позитивно, изјавил Давутоглу.
XS
SM
MD
LG