Достапни линкови

Гугл се враќа на кинескиот пазар


Пекинг потврди дека ја обновиле лиценцата за работа на интернет пребарувачот Гугл. Овој потег доаѓа откако Гугл соопшти дека ќе го спречи автоматското пренасочување на корисниците од кинескиот интернет пребарувач на хонгконгшкиот, по изјавите на властите во Пекинг дека ќе им ја укинат лиценцата. Гугл го затвори кинескиот веб пребарувач на 22 март оваа година со што би ја избегнале цензурата на веб страниците на барање на комунистичката влада во Кина. Посетителите на кинескиот сајт, наместо автоматски да бидат пренасочени на сајтот во Хонгконг, на екранот им се појавува порака на кинески јазик дека следува пренасочување. Корисниците потоа можат да кликнат на тоа поле каде ќе отидат на хонгконгшкиот сајт на кинески јазик
XS
SM
MD
LG