Достапни линкови

Граѓаните оптимисти за влезот во ЕУ


Триесет и два проценти од македонските граѓани сметаат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ за две до три години, покажуваат резултатите од телефонската анкета на Институтот за политички истражувања-Скопје, изработена на барање на Секретаријатот за европски прашања. Анкетата била спроведена на 3 и 4 јули годинава врз примерок од 1.110 испитаници. Според анкетата 21,6 проценти мислат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ во следните пет години, 14,8 за 10 години, а 11,1 проценти сметаат дека тоа нема никогаш да се случи. Граѓаните за процесот на евроинтеграција најчесто се информираат од медиумите.
XS
SM
MD
LG