Достапни линкови

logo-print

Финале на Светското првенство во фудбал


Новиот светски фудбалски шампион ќе се знае вечерва. Во големото финале на Мундијаот, вечерва во Јоханесбург, силите ќе си ги одмерат репрезентациите на Шпанија и Холандија. Но кој и да го освои фудбалски трон ќе биде нов победник бидејќи ниту Шпанија , ниту Холандија досега не биле светски шампиони во фудбал. Се очекува вечерашниот натпревар да го проследат стотици милиони луѓе, што во живо на трибините, што на телевизија. Пред натпреварот свој настап ќе има колумбиската пејачка Шакира и уште 700 изведувачи. Вчера пак репрезентација на Германија го осви третото место на 19-то Светско првенство во Јужна Африка откако во Порт Елизабет ја победи селекцијата на Уругвај со 3:2.
XS
SM
MD
LG