Достапни линкови

Парламентарни избори во Јапонија


Во Јапонија денеска се одржува гласање на пратеници во Горниот дом на Парламентот. На изборите се гледа како на тест за владата која е на власт 10 месеци. Владејачката Демократска партија на Јапонија дојде на власт минатата година по речиси половина век непрекинато владеење на конзервативците. Но, поддршката на владеачката партија е намалена откако премиерот ги зголеми даноците за да го намали јавниот долг Анкетите покажуваат дека демократите и нивните коалициски сојузници може да го загубат мнозинството во 242-члениот Горeн дом.
XS
SM
MD
LG