Достапни линкови

Протести во индискиот дел на Кашмир


Во индискиот дел на Кашмир повторно е воведен полициски час, а илјадници полицајци патролираат низ главниот град на регионот. Ваквите мерки доаѓаат по вчерашните анти-индиски демонстрации. Полицијата била приморена со солзавец и палки да се справува со демонстрантите кои фрлале камења кон полицијата. Жителите соопштуваат дека за време на протестите полицајците убиле 15 луѓе. Полицискиот час беше укинат во петокот за да им се овозможи на жителите да го прослават Муслиманскиот фестивал.
XS
SM
MD
LG