Достапни линкови

Закана за бомба приземјил авион на Ер Франс


Патнички авион на Ер Франс, во кој се превезувал повеќе од 400 патници принудно слетал во Бразил по заканите дека има бомба во авионот. Авионот кој полетал од Рио де Женеиро наместо за Париз се пренасочил во Ресифе во северниот дел на Бразил. Властите провериле дали навистина има бомба во авионот, но не нашле експлозивна направа. Авионот летал на истата релација како авионот на Ер Франс кој се урна минатата година во јуни, на североисточниот брег на Бразил при што загинаа сите 228 патници.

XS
SM
MD
LG