Достапни линкови

Стоп за цивилните жртви во Авганистан


Стотици Авганистанци протестирале во Мазари Шариф против се поголемиот број на цивилни жртви. Демонстрантите извикувале слогани против заедничките сили на САД и на НАТО, како и против авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Протестот е организиран откако американските сили убија двајца цивили во средата. НАТО исто така призна дека ненемарно убиле 6 луѓе во четвртокот , и тоа на еден ден по воздушниот напад кога беа убиени 5 цивили . Во меѓувреме, во нов бран на напади загинаа шест американски војници и најмалку десетина цивили во нестабилните јужни и источни региони на Авганистан .
XS
SM
MD
LG