Достапни линкови

Петнаесет години од масакарот во Сребреница


Денеска се одбележува 15 годишнината од масакарот во Сребреница при што беа убиени повеќе од 8.000 муслимански мажи и момчиња. Се очекува на денешната комеморација да присуствуваат илјадници луѓе и да им оддадат почит на жртвите. Во меморијалниот центар ќе бидат закопани уште 775 од идентификуваните жртви. На комеморацијата освен членови на семејствата на жртвите ќе присуствуваат и претседатели и премиери на земјите од регионот, а се очекува да дојадат и високи преставници на меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG