Достапни линкови

Вељаноски останува претседател на Собранието


Собранието на Македонија по 12-часовно заседавање доцна синоќа не ја прифати предлог одлуката за разрешување на претседателот Трајко Вељаноски. За предлогот поднeсен од СДСМ и НСДП гласаа 14 пратеници, а 68 беа против.Двете опозициски партии го обвинија Вељаноски дека на 1 јули, кога се случи инцидентот пред и во Парламентот, направил низа прекршувања на членот 43 од Законот за Собрание, како и за повеќе други постапки поврзани со овој, но и со други настани. За пратениците од парламентарното мнозинство, пак, седницата претставува извртување на фактите и обид да се заташка одговорноста за инцидентот од 1 јули.
XS
SM
MD
LG