Достапни линкови

Милошоски на Кроација Самитот во Дубровник


Глобалната безбедност, транс-атлантските односи, предизвиците со кои се соочуваат земјите од Југоисточна Европа во контекст на глобалната економска криза и иднината на Регионот.За овие теми разговараа учесниците на Кроација Самитот кој се одржа во Дубровник. На самитот учествуваа претседатели на влади, министри и други високи гости од регионот на Југоисточна Европа, меѓу кои и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Во своето излагање на панелот на тема „Идната визија за регионот на Југо-источна Европа, Милошоски изјави дека постои само една вистинска визија за иднината на Регионот – негово целосно и брзо интегрирање во европските и евро-атлантските институции.
XS
SM
MD
LG