Достапни линкови

logo-print

Коњановски:намалениот буџет нема да се одрази на проектите


Буџетот на Министерството за одбрана наменет за НАТО е домаќински намален, но се уште е поголем од буџетот на неколку актуелни членки на Алијансата. Шпекулациите дека во Министерството е дадена наредба да се штеди буквално и на светилки се неточни, демантира ресорниот министер Зоран Коњановски. Тој потврдува дека е направена одредена рационализација која нема да ги стопира предвидените проекти. Коњановски објаснил дека буџетите на земјите кои се членки на НАТО се некаде помеѓу 1,1 и 1,6 проценти, а во Македонија буџетот е 1,43 проценти од БДП.
XS
SM
MD
LG