Достапни линкови

Претседателот Иванов ги посети мировниците во Босна


Од регион на кој некогаш му беше потребна помош од меѓународни сили, сега треба да извезуваме мир, изјавил македонскиот претседател Ѓорге Иванов при денешната посета на македонксите мировници во мисијата на АЛТЕА во базата Бутмир во Сараево. Претседателот истакнал дека земјата секогаш се труди во рамките на своите можности да учествува во мировни мисии. Командантот на ЕУФОР Бернард Баир се заблагодарил за придонесот на македонските мировници. Македонија во мисијата АЛТЕА учестува до 10 член медицински персонал и со двајца офицери. Претседателот Иванов им оддаде почит на единаесетмината припадници на АРМ кои загинаа во 2008 година, враќајки се од успешно завршената мисија АЛТЕА.
XS
SM
MD
LG