Достапни линкови

Сутјагин се наоѓа во Лондон


Научникот Игор Сутјагин кого Русија го обвини дека шпионира за интересите на САД се наоѓа во Англија. Тој се јавил на своето семејство и им кажал дека престојува во еден хотел во градче во близина на Лондон. Сутјагин е еден од четворицата обвинети дека се американски шпиони кои се заменети со 10 -мината кои неодамна беа уапсени во САД и обвинети дека шпионираат за Русија. Претходно, семејството на Сутјагин изјави дека се загрижени што досега и еден ден по ослободувањето не им се јавил. Русија и САД вчера ги разменија своите „шпиони “ во Виена.
XS
SM
MD
LG