Достапни линкови

Пратениците расправаат за разрешување на Вељаноски


Пратениците во Сoбранието на Македонија расправаат за разрешување на претседателoт Трајко Вељаноски. Иницијативата за негово разрешување ја поднесоа пратениците од СДСМ и НСДП. Во име на поднесувачите, Весна Бендевска побара Вељаноски да каже дали службените лица кои беа за време на инцидентот во Собранието на 1 јули, имале одобрени за присуство од Вељаноски. Вељаноски пак вели дека не се разговара со факти и дека наместо да се бара решение , пратениците меѓусебно се обвинуваат и расправаат, а со тоа го доведуваат во прашање кредибилитетот на Собранието. По барање на Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ беше дадена 10-минутна пауза за да пратениците присуствуваат на чинот на подигнувањето на македонското знаме на јарболот пред македонското Собрание.
XS
SM
MD
LG