Достапни линкови

logo-print

Екстремно високи температури во Иран


Иран во наредните два дена ќе затвори повеќе владини служби во главниот град Техеран и во уште неколку други градови, поради екстремно високите температури. Владините институции ќе бидат затворени во недела и во понеделник . Ќе работат само банките и медицинските центри. Училиштата и универзитетите, исто така, ќе бидат затворени во следните два дена бидејќи температурите во неколку градови се движат од 40 до 50 степени целзиусови.
XS
SM
MD
LG