Достапни линкови

logo-print

Расте бројот на жртви од вчерашниот напад во Пакистан


Бројот на жртви во нападот на бомбашот самоубиец кој се разнесе вчера во Мохманду, достигна 102 жртви, пренесуваат светските медиуми. Напаѓачот кој бил на мотор се разнесе во петокот пред канцеларијата на високиот владин претставник Расул Кан, во пакистанската покраина на границата со Авганистан, во момент кога пред зградата имало неколку стотици луѓе. Меѓу загинатите во нападот, има најмалку пет деца и повеќе од 80 ранети, а оштетени се повеќе автомобили и околни објекти. Се претпоставува дека мета на напаѓачите биле племенските водачи кои биле на разговор со Кан.
XS
SM
MD
LG