Достапни линкови

Тадиќ:изјавите на Реџепи закана за војна


Српскиот претседател Борис Тадиќ ја оцени како отворена закна за војна изјавата на косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи, дека ќе испрати специјални полициски единици во Северно Косово. Тадиќ преку соопштение вели дека ако евентуално се спроведат таквите закни, Косово ќе биде виновно за катастрофалните последици. Шефот на Мисијата на ЕУЛЕКС, Ив де Кармабон денеска во Приштина изјави дека нема никаков договор за разместување на специјални единици во областа на Косовска Митровица.
XS
SM
MD
LG