Достапни линкови

Седница за разрешување на Вељановски


Во Собранието на Македонија денеска ќе се одржи вонредна седница со единствена точка на дневниот ред предлог одлука за разрешување на претседателот Трајко Вељаноски поднесена од СДСМ и НСДП. Двете опозициски партии го обвинуваат Вељаноски дека на 1 јули, кога се случи инцидентот пред и во Парламентот, направил низа прекршувања на членот 43 од Законот за Собрание, како и за повеќе други постапки поврзани со овој, но и со други настани. Како други причини за негово разрешување се наведуваат и тоа што денес Собранието го карактеризира „немање политички дијалог, европската агенда е во втор план и носењето закони во скратена постапка“.

XS
SM
MD
LG