Достапни линкови

logo-print

Македонија испрати 149 војници во Авганистан


Во касарната „Јане Сандански“ во Штип се одржа свеченост по повод заминувањето на 149 војници во деветтата ротација на мировната мисија ИСАФ на која присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Коњановски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
Врховниот командант Ѓорге Иванов истакна дека Македонија има инвестирано во безбедноста и затоа е дел од коалицијата на демократски и слободни држави, коалиција посветена на одбраната на мирот, безбедноста и стабилноста.
„Скорпионите“ од Првата механизирана пешадиска бригада во наредните шест месеци во Авганистан ќе ги изршуваат задачите кои се во рамките на контигентот на Обединето кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул. Мировниците на АРМ ќе извршуваат сложени задачи, како што се патролирање и обезбедување на воена база и објекти од витално значење, борбено обезбедување на комуникации и области и други задачи во зависност од потребите на мисијата.
XS
SM
MD
LG