Достапни линкови

Авионите на САД и Русија (со шпионите?) ја напуштија Виена.


Два авиона, еден американски и еден руски, за кои се верува дека ги носат размеентите шпиони, ја напуштија Виена. Претходно два авиона слетаа на виенскиот аеродром со 14 лица. Десет од нив се осомничените руски агенти протерани од САД а 4 затвореници помилувани од претседателот Дмитриј Медведев. Засега не е јасно како е направена размената. САД и Русија јасно ставија до знаење дека оваа најголема размена на шпиони по Студената Војна, не треба да им наштети на односите меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG