Достапни линкови

logo-print

Грција продаде дел од златните резерви


Грција продаде злато во вредност од осум милиони евра, откако Централната банка пушти во промет дел од резервите на злато на државата, објави весникот „Елефтеротипија“.
Приходите од продажбата сепак ќе останат во државната ризница, бидејќи не можат директно да бидат дадени за намалување на државниот долг или буџетскиот дефицит на Грција.
Весникот нагласува дека ваква продажба извршиле сите европски банки со цел да го искористат зголемувањето на меѓународните цени на златото.
Продажбата изнесувала 0,33 проценти од резервите на злато во Грција. Овој процент за Франција бил 0,53 проценти, а за Шведска 4 проценти.
XS
SM
MD
LG