Достапни линкови

logo-print

Охрид, Грција, Турција или некоја од останатите земји од соседството. Oва се главните одредишта за одмор на македонските граѓани согласно длабочината на џебот. Голем дел од граѓаните не можат да си го дозволат ниту тоа, па ќе останат дома.

Најголем дел од Mакедонците, летниот одмор ќе го поминат во Грција и Турција, а во Охрид се очекуваат помал број на домашни и странски туристи во однос на минатите години, поради економската криза, и високите цени велат туристичките работници. Но, голем дел од граѓаните кои ги анкетиравме за нашата рубрика Хајд Парк велат дека најверојатно ќе го посетат Охрид, а ретки се тие кои ќе заминат во странство.
Не дозволуваат финансиите да се оди некаде надвор од земјата, како некои што одат во Шпанија, во Турција... Тука ќе бидеме, најверојатно до Охрид.


„Не дозволуваат финансиите да се оди некаде надвор од земјата, како некои што одат во Шпанија, во Турција... Тука ќе бидеме, најверојатно до Охрид.“

„Веројатно Грција, многу ми е блиску и сега цените се пониски.“



„Стандард, согласно ситуацијата доволен е приходот само за Охрид.“

И во коментарите на анкетата граѓаните се жалат дека ќе останат дома, бидејќи се невработени, а оние што можат да си дозволат таков луксуз ќе го посетат нашиот јужен сосед. Според нив, поатрактивните дестинации се резервирани за владејачката гарнитура.

Плажа на Преспанското Езеро

Претседателот на Асоцијацијата на туристички агенции, Миле Спировски вели дека
Најмногу соседните земји околу нас, од причина што прво ми се чини, автобуски е изводливо да се изведат тие аранжмани.
традиционално, Македонците за одмор ги избираат соседните земји.

„Прво е Турција, на второ место е Грција. Заради професионалниот однос, многу добрите цени, уреденоста, инфраструктурата и задоволството од персоналот, објектот, храната...“

И потпретседателот на Стопанската комора за туризам Александар Чоневски вели дека како и секоја година и оваа најбарани дестинации се Турција, Грција, Албанија и Хрватска, поради најевтините аранжмани.

„Најмногу соседните земји околу нас, од причина што прво ми се чини, автобуски е изводливо да се изведат тие аранжмани. Дополнително што е се уште и релативно поевтино во пакет аранжманот, и сместувачките услуги и храната и слично.“

Од Агенцијата за промоција на туризмотсе надеваат дека прв избор на граѓаните за одмор ќе им биде токму нивната земја.
Веројатно Грција, многу ми е блиску и сега цените се пониски.


„Повеќе од нив, навистина одбираат некое од нашите туристички места, било да е Охрид, Стуга, Преспа, Дојран. Во секој случај очекуваме голем дел од нашите граѓани да поминат на одмор, истражувајќи ја Македонија“, вели претседателот на агенцијата Зоран Стезовски.

Единствениот избор на оние што ќе остант дома им е градската плажа на кејот на Вардар, но повеќето граѓани велат дека не им е во план таму да се разладуваат од летните горештини.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG