Достапни линкови

Генерал Матис предложен за командант на мисиите во Авганистан и Ирак


Генерал Џејмс Матис е изборот на Пентагон за командант на воените операции во Ирак и во Авганистан. Секретарот за одбрана Роберт Гејтс изјави дека генерал Матис е еден од најиновативните офицери во армијата, кој имал најдобра визија за тоа како треба да дејствуваат вооружените сили во иднина. Номинацијата на Матис треба да ја одобри претседателот Барак Обама, по што оди на гласање во Конгресот.
XS
SM
MD
LG