Достапни линкови

Марш за одбележување на масакарот во Сребреница


Над 5.000 луѓе тргнале денеска од селото Нузук на северот на Босна кон Сребреница, каде се очекува да пристигнат во недела на одбележувањето на годишнината од масакарот врз муслиманите во тој град. Во недела се одбележува 15 годиншнината од масакарот на 8.000 муслимански мажи и момчиња, за време на војната во Босна и Херцеговина . Сребреница беше под заштита на Обединетите нации, но и покрај тоа српските сили успееа да извршат масакар. Во недела се очекува да биде извршен и масовен погреб на околу 800 жртви ископани од масовната гробница и да бидат погребани на гробиштата во Поточари, каде веќе има гробови на 3.700 други жртви.
XS
SM
MD
LG