Достапни линкови

ЕП го прифати договорот за размена на податоци со САД


Европскиот парламент денеска во Стразбур го усвои договорот за доставување на банкарски податоци до Соединетите држави. Податоците треба да послужат за борбата против финансирање на тероризамот. За договорот гласале 484 европратеници, 109 бил против, а 12 воздржани. Договорот кон крајот на јуни првин го прифатија земјите членки на Унијата, денеска и Европскиот парламент. Со договорот американското министерство за финансии ќе има пристап до банкарските податоци на 8.300 банки од целиот свет.
XS
SM
MD
LG