Достапни линкови

logo-print

Невработеноста во Грција ќе се зголеми во 2011


Невработеноста во Грција следната година ќе надмине 14 отсто, наспроти 12,1 процент годинава, се вели во прогнозата во годишниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој за светскиот пазар на трудот.
Од 8 отсто во декември 2007 година, невработеноста во Грција се зголеми до 10,2 процента до декември минатата година.
ОЕСР прогнозира уште дека вработеноста во Грција ќе се намали за 2,8 отсто годинава, а за 2,5 проценти во 2011 година. Овој пад се објаснува со намалениот бруто домашен производ на земјата.
Според Организацијата, за оваа година падот на БДП на Грција се проценува на 3,7 отсто, а следната се очекува да биде 2,5 проценти.
Реалните доходи на Грците за оваа година ќе се намалат за 3,3 отсто, а во 2011 година овов пад ќе биде 0,8 проценти, поради што ОЕСР и препорачува на земјата да ги намали бонусите
XS
SM
MD
LG