Достапни линкови

Собранието на Македонија за Анкетна Комисија за инцидентот


На денешната седница на Собранието на Република Македонија се очекува претседателот Трајко Вељановски да предложи дополнување на дневниот ред со барањата на владејачкотот мнозинство и на опозицијата за формирање Анкетна Комисија која ќе работи на расчистување на инцидентот што на 1 јули се случи во Парламентот.
На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување и дополнување на Законите за работните односи и за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување кои се во прво читање.
Пратениците ќе расправаат и за предлог-законите за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за дополнителното финансирање на Проектот за катастар на недвижности и регистрација, за дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење сите во прво читање.
XS
SM
MD
LG