Достапни линкови

Куба ке ослободи 52 политички затвореници


Куба се согласи да ослободи 52 политички затвореници, објави римокатоличката црква. Тоа преставува најголемо ослободување на политичките затвореници од страна на комунистичките власти во последниве децении.
Црковни службеници ова го изјавија по средбата со претседателот Раул Кастро, за време на посетата на шпанскиот министер за надворешни работи. Мигел Анхел Моратинос изјави дека Шпанија е подготвена да ги преземе сите 52 затвореници кои сите ќе им биде дозволено да ја напуштат Куба. Во кубанските затвори ке останат уште околу 110 политички затвореници.
XS
SM
MD
LG