Достапни линкови

Пратениците од ВМРО бараат комисија за инцидентот во Собранието


Пратениците од владејачкото мнозинство поднесоа инцијатива во Собранието за формирање комисија која ќе ги расчисти настаните што се случија на 1 јули надвор и во Парламентот. Тие побараа темата да се најде на дневен ред на денешната пленарна седница. И опозицијата пред некој ден побара да се формира анкетна комисија, која ќе го истражи инцидентот што се случи по завршувањето на седницата на која не беше изгласан законот за стечајците предложен од нив. СДСМ соопшти и дека ќе поднесе интерпелации за работата на спикерот Трајко Вељановски и на министерката за внатрешни работи Гордана Јануколоска.
XS
SM
MD
LG