Достапни линкови

Бошњаковиќ нов хрватски министер за правда


Пратениците во Хрватскиот сабор го изгласаа Дражен Бошњаковиќ за нов Министер за правда. Тој функцијата ќе ја преземе од Иван Шимоновиќ, кој заминува на висока функција во Обединетите нации. Бошњаковиќ доби поддршка од 80 пратеници, а против неговиот избор беа 21 пратеник. Бошњаковиќ беше државен секретар во Министерство за правда и беше вклучен во пристапните преговори на земјата со Европската унија.
XS
SM
MD
LG