Достапни линкови

Владата реагира на изјавата на Друцас


Од Владата на Македонија како неодговорна ја оценија изјавата на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас, според која, Атина добила сигнали дека премиерот Груевски можеби разбрал дека треба да го промени ставот во однос на името. Од Владата велат дека изјавата е дадена за внатрешно-политичка употреба и сметаат дека не придонесува за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение на прашањето за името. Друцас, во вчерашното интервју за радиото Реал ФМ рече дека премиерот Груевски испраќал срамежливи пораки дека најверојатно разбрал дека треба да го промени ставот во врска со спорот со името, доколку сака европска иднина на земјата.
XS
SM
MD
LG