Достапни линкови

Светска банка со критики за бизнис климата


Во економската зона Бунарџик работат само две фабрики
Во економската зона Бунарџик работат само две фабрики

Правни рестрикции, државни монополи во одредени сектори, недоверливост на катастарските податоци, се дел од забелешките на Светската банка за бизнис климата во Југоисточна Европа.

Правни рестрикции, државни монополи во одредени сектори и нерелијабилност на катастарските податоци. Ова се дел од забелешките на Светската банка во извештајот кој ја анализира бизнис климата во земјите во Југоисточна Европа.

„Правни рестрикции се уште постојат во поглед на сопственоста на индустриите за меѓународен воздушен транспорт“, се вели во првиот
Нема релијабилен извор на информации за сопственоста на земјиштето, поради тоа што не сите информации се регистрираат.
пасос од делот на извештајот посветен на земјава и се додава: „Одреден број на бизнис-сектори како електродистрибуција, железнички транспорт, аеродромите и комуналните услуги се уште се во доминантна сопственост на државата. Овие монополи заедно со перцепираните големи потешкотии во добивањето на соодветни дозволи, ги оганичуваат компаниите кои би сакале да оперираат во овие сектори“.

Во документот, насловен како „Инвестирање преку граници“, не изостануваат ни забелешките за ефикасноста на катастарот:

„Нема доверлив извор на информации за сопственоста на земјиштето, поради тоа што не сите информации се регистрираат. Централниот регистар и катастарот не се поврзани и не споделуваат информации“, пишува во публикацијата.
Логото на Светската банка

Од тука се поставува и прашањето колку економските промотори и рекламите на странските медиуми можат да помогнат за
Немавме никаква корист од двајца министри во владата ангажирани, едниот побегна, другиот го нема никаде, економските промотори исто така промашена работа.
привлекување на странски инвеститори во услови кога реалните недостатоци се бележат во извештаи од релевантни институции како Светската банка.

Ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини вели дека балоните над влада не успеале да привлечат инвеститори.

„Немавме никаква корист од двајца министри во владата ангажирани, едниот побегна, другиот го нема никаде, економските промотори исто така промашена работа, резултатите се овие што ги имаме, Македонија неможе и во наредниот период го изгуби кредибилитетот било кој странски инвеститор да ја свати сериозно состојбата во Македонија.“

Инаку економските промотори деновиве се вратија во земјава, но за сега нема информации дали ќе дадат отчет за сработеното. Официјален коментар за медиумите избегна и првиот човек на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Виктор Мизо. Според информациите на Државниот завод за ревизија, македонските промотори не успеале да се сретнат со повеќемина претставници на странските компании во перидот од јануари 2008 до август 2009 година. Задачата да ги презентираат инвестициските можности во земјава на 40-45 странски фирми месечно, според приближни проценки, била реализирана со 37 отсто.
XS
SM
MD
LG