Достапни линкови

Германија - Шпанија. Кој е следен финалист?


Ќе се пласира ли германската репрезентација во финалето?
Ќе се пласира ли германската репрезентација во финалето?

Вечерва се игра вториот полуфинален меч од Светското фудбалското првенство. Победникот од мечот Германија-Шпанија ќе игра против Холандија во финалето.

Холандија е првиот финалист на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка. Тоа е епилогот по синоќешното полуфинале во кое Холанѓаните го совладаа Уругвај со 3-2. Со тоа, ’Лалињата‘ стигнаа до третото мундијалско финале, во кое ќе се обидат да ја освојат првата титула. Доколку стигнат до трофејот, тоа ќе го направат на импресивен начин со победи во сите 15 квалификациски и мундијалски мечеви, што досега му успеало само на Бразил.

Сепак, според најголем дел од македонските љубители на фудбалот, тоа нема да се случи. Тие сметаат дека по финалето в недела до трофејот ќе дојде победникот од вечерашниот втор полуфинален меч, меѓу трикратниот
Ќе победи Германија, пред се поради колективна игра, а во финалето ќе победи Холандија
светски првак Германија и европскиот шампион Шпанија. Во него, пак, предност им даваат на ’Панцирите‘.

Шпанската репрезентација
„Ќе победи Германија, пред се поради колективна игра, а во финалето ќе победи Холандија.“

„Германија мислам. Заслужија, најдобра игра пружија. Холандија не покажа толку многу колку Германија.“

„Германија-Шпанија, мислам дека Шпанија ќе биде.“

„Германија да победи зашто се поквалитетни.“

„Шпанија ќе победи.“
Германија-Шпанија, мислам дека Шпанија
ќе биде.

„Мислам дека Германија ќе победи, затоа што се поквалитетни и во моментов најдобро се психички подготвени.“

„Мислам дека Германија, досега остави најдобар впечаток. Можеби на хартија Шпанија има подобри играчи, но Германија има покомпактна игра.“

Чија прогноза ќе се покаже точна, ќе видиме прво по вечерашниот дуел во Дурбан, а потоа и по неделната пресметка во Јоханесбург. До
Мислам дека немаше ѕвезди ова фудбалско
првенство.
тогаш ќе остане отворено прашањето кој ќе биде новиот светски првак, но она што е јасно од вчера, е дека европјаните конечно го урнаа проклетството и за прв пат на еден Мундијал надвор од Стариот континент, ќе триумфира нивна селекција. Покрај ова, Европа, во вечната битка со Јужна Америка, ќе поведе со 10-9 во триумфи на Мундијалите. Овие факти се причина плус анкетираните граѓани во европските репрезентации да го бараат најдобриот фудбалер на првенството, во кое, општ е впечатокот, ѕвездите разочараа.

„Лошо, најдобар излезе Руни. Торес ништо не покажа, Меси катастрофа, Роналдо катастрофа... Никој од тие што се очекуваше не покажаа.“

„Швајнштајгер, зошто е лидер на германската репрезентација и според мене мислам дека ќе освојат прво место и автоматски може да биде и прогласен за најкорисен играч.“

„Мислам дека немаше ѕвезди ова фудбалско првенство.“
XS
SM
MD
LG