Достапни линкови

Соларно летало треба да остане во воздух 24 часа


Во Швајцарија денеска полета соларно летало, кое треба да остане во воздух 24 часа со енергијата собрана од сонцето. Леталото изгледа како огромен змеј со соларни панели на 80 метарските крилја. Швајцарскиот тим вели дека пилотот, Андре Боршберг ќе лета и на височина од 8 ипол илјади метри, а според планот, треба да слета утре.

XS
SM
MD
LG