Достапни линкови

Францускиот Парламент ја продолжува дебатата за забрана на фереџињата


Францускиот парламент дебатира за законот со кој би се забранило носењето фереџиња во јавност. Министерот за правда вчера изјави дека носењето фереџиња е спротивно на секуларната орјентација на француската држава. Според критичарите, забраната би значела кршење на индивидуалните права. Со над 5 милиони муслимани, во Франција живее најбројната муслиманска популација во западна Европа. Гласањето за законот е закажано за 13-ти јули. Слични дискусии се водат во уште неколку европски земји.
XS
SM
MD
LG