Достапни линкови

logo-print

Прогресот на Македонија кон НАТО- тема на состанок во Брисел


Министрите за одбрана Зоран Коњановски и за надворешни работи Антонио Милошоски денеска ќе престојуваат во седиштето на НАТО во Брисел, на состанокот со Северноатланскиот совет во формат 28+1, на кој ќе се дискутира за Извештајот за прогресот на Република Македонија во рамките на 11-от циклус на Акциониот План за членство во НАТО. За време на престојот во Брисел, двајцата министри ќе се сретнат со Генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен, а во организација на холандскиот амбасадор во НАТО Франк Мајор, ќе имаат заеднички ручек со амбасадорите на сите земји-членки.
XS
SM
MD
LG