Достапни линкови

logo-print

Ѓул: Израел води ирационална политика


Турскиот претседател Абдула Ѓул ја нарече ирационална одлуката на Израел за саботирање на односите со земјата која е нејзин единствен муслимански сојузник. Израел нема многу пријатели во регионот. Сега изгледа сака да ги прекине и односите со Турција, изјави Ѓул. Претходно шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу повторно побара од израелската влада извинување поради нападот врз меѓународната хуманитарна флота и загинувањето на 9 турски државјани, но се воздржа од изјави за прекин на сите врски со Израел.
XS
SM
MD
LG